За становите останува пет отсто ДДВ

Bez autora
Jan 04 2012

Данокот на додадена вредност за становите и во иднина ќе остане пет проценти. Повластената даночна стапка ќе важи до 2015 година. Ваквата одлука што била донесена во октомври лани со важност од 1 јануари оваа година има за цел да обезбеди натамошно стабилизирање на станбениот квадрат, како и сигурност кај градежниците да инвестираат во станбена изградба. За одлуката веќе биле информирани и градежните компании, кои позитивно реагирале на пролонгирањето на важноста на ниската даночна стапка. Надлежните се убедени дека оданочувањето на становите со пет отсто ДДВ ќе ја одржи сегашната цена на квадратот, бидејќи ќе ги стимулира фирмите да вложуваат во станбена изградба. Истовремено побарувачката за станови не само што не стивнува, туку во последниот период е и многу зголемена, поради то што луѓето инвестирајќи во недвижнини, гледаат спас за своите заштеди од евентуален крах на еврото.

За становите останува пет отсто ДДВДанокот на додадена вредност за становите и во иднина ќе остане пет проценти. Повластената даночна стапка ќе важи до 2015 година.

Ваквата одлука што била донесена во октомври лани со важност од 1 јануари оваа година има за цел да обезбеди натамошно стабилизирање на станбениот квадрат, како и сигурност кај градежниците да инвестираат во станбена изградба. За одлуката веќе биле информирани и градежните компании, кои позитивно реагирале на пролонгирањето на важноста на ниската даночна стапка.

Надлежните се убедени дека оданочувањето на становите со пет отсто ДДВ ќе ја одржи сегашната цена на квадратот, бидејќи ќе ги стимулира фирмите да вложуваат во станбена изградба. Истовремено побарувачката за станови не само што не стивнува, туку во последниот период е и многу зголемена, поради то што луѓето инвестирајќи во недвижнини, гледаат спас за своите заштеди од евентуален крах на еврото.

И градежниците се задоволни од владината одлука ДДВ-то за становите да остане пет, а не да се врати на 18 проценти, како што очекуваа. Сепак, тие не можат да ветат дека цената на станбениот квадрат нема да се менува. Напротив, дел од нив прогнозираат становите да поскапат и до 20 отсто во текот на годинава. Дотолку повеќе што како сега стојат работите не само што никој не може да гарантира фиксна цена на градежните материјали, туку дури и се очекува поскапување на голем дел од нив. Од друга страна, пак, цената на квадратот зависи и од вредноста на земјиштето, од висината на комуналиите кои ги одредуваат општините, како и од вредноста на работната рака, која не би требало да продолжи да паѓа доколку државата се погрижи да ја елиминира нелојалната конкуренција.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik